
Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е премногу радикален чекор!
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски смета дека забраната на социјални мрежи за најмладите е премногу радикален чекор.
По новинарско прашање околу тоа дали е потребна ваква забрана, Андоновски рече дека со тоа може да стигнеме и до нарушување на правото на слободен избор и на слободен говор.
„Премногу е радикално кога државата се одлучува на чекор да забрани некоја алатка, бидејќи доколку би тргнале да се движиме во таа насока тогаш можеме да стигнеме и до нарушување на правото на слободен избор и на слободен говор, но секако Владата и Министерството остануваат отворени доколку има иницијатива за дискусија“, нагласи министерот.

