Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО Обвинителот Цветановски вели дека сѐ уште не е доцна за тоа
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО Обвинителот Цветановски вели дека сѐ уште не е доцна за тоа

11/02/2026

AA

Антикорупциската комисија се огласи за ненадлежна за пријавата на обвинителот Јове Цветановски

Изјавите на поранешната обвинителка од СЈО Лејла Кадриу дека во институцијата постоеле сериозни проблеми и постапувања зад затворени врати, не се изненадување за правосудната фела, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за порталот Република.мк.

– Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите – вели Цветановски.

Како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во втор степен по жалби во предмети на СЈО, Цветановски вели дека имал увид во повеќе нивни обвиненија.

– Во сите предметни обвиненија констатирани се голем број процесни пропусти – поднесени обвиненија со слаб корпус на докази, потпирајќи се само на незаконито прислушкуваните материјали, но и други недостатоци. Тоа беше презентирано пред Апелацискиот суд на јавни седници и расправи, а согласно внатрешните процедури изготвени се службени материјали доставени во Републичкото јавно обвинителство – наведува тој.

Според Цветановски, по згаснувањето на СЈО не била извршена комплетна ревизија на сите предмети и административни акти поврзани со СЈО.

– Предметите ги презедоа скоро истите јавни обвинители кои ги обработувале и во СЈО. Од тие причини во тој момент немало притисоци врз други обвинители, бидејќи немале контакт со тие предмети – вели Цветановски.

Затоа, според него, потребна е комплетна и независна ревизија на работата на СЈО, зашто таквиот пристап ќе овозможи да се утврдат дали СЈО работело законито, професионално и независно.

– Сепак, и од оваа временска дистанца не е касно, можност која ќе може да искористи новиот државен јавен обвинител. Јавниот обвинител со својата работа не смее да продуцира правна несигурност, туку напротив, треба да биде гарант за една правна држава во која секој граѓанин ќе биде сигурен во неселективната правда – вели Цветановски.

Обвинителот Цветановски тврди дека и кон него лично имало притисок. Клучниот момент, според него, бил предметот „Бонусите на СЈО“. Тој тврди дека од него било побарано да го потврди првостепеното решение за отфрлање на кривичната пријава против обвинители од СЈО, а откако донел спротивна одлука и го укинал решението на ОЈО за ГОКК, против него бил инициран надзор и дисциплинска постапка.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45703
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години сам им ставал печат за

21/09/2026

Стружанец е осомничен дека во период од 2022 до 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ЗЕМЕ ЛЕКОВИ Фондот за здравство

21/09/2026

Пациент искреирал конзилијарно мислење за терапија што е на позитивната листа на лекови со помош на вештачка интелегенција. Измамата била

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од природна смрт на 2.500 метри

21/09/2026

Планинарот чие безживотно тело вчера беше извлечено од Шар Планина е 74-годишниот А.С. од тетовското село Џепчиште. Тој бил пронајден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy