Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски по разделбата со Американките: Ми беше чест и вечно ќе сум благодаен!
Спорт

Андоновски по разделбата со Американките: Ми беше чест и вечно ќе сум благодаен!

17/08/2023

AA

Македонецот Влатко Андоновски и официјално од денеска не е повеќе селектор на женската репрезентација на САД, четирикратни светски шампиони, после неуспешниот Мундијал во Австралија и Нов Зеланд.

Андоновски ја презема американската селекција по СП 2019 кога Американките четврти пат станаа светски шампионки, четири години ја подмладуваше селекцијата, но не успеа да ги исполни високите очекувања на годинешниот Мундијал, па на крај спогодбено се раздели со американската федерација, која денеска ја потврди разделбата.

„Ми беше голема чест што тренирав многу талентирани фудбалери, кои напорно работеа во женската селекција во изминативе четири години. Многу сум оптимист за програмата за иднината, особено што младите фудбалерки ја добија шансата во последниве години и во иднина ќе ја носат оваа селекција. Иако сите сме разочарани од настапот на Мундијалот, јас сум горд колкав напредок има оваа селекција, за поддршката која си ја даваат една на друга и за инспирацијата кон другите фудбалерки што ја даваат. Секогаш ќе ѝ бидам благодарен на американската федерација за укажаната шанса да бидам селектор на оваа неверојатна селекција“, рече Андоновски.

Твила Килгоре е привремено решение како наследничка на Андоновски, а Американците му се заблагодарија на Македонецот за сиот придонес.

„Мора да искажеме огромна благодарност кон Влатко за својата комплетна посветеност кон женската репрезентација. Знаеме дека тој ќе продолжи да дава голем придонес за националниот тим, иако не е повеќе селектор и му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, рече Синти Парлоу Коне, претседателката на американскиот фудбал.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се клучни приоритети на Националната стратегија за спречување на

20/06/2026
Македонија

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20/06/2026
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43837
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се клучни приоритети на Националната стратегија за спречување на корупција 2026-2030?

20/06/2026

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, му ја предаде на претседателот на Собранието, Африм Гаши,

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20/06/2026

Новиот руски амбасадор Димитриј Зиков ја оствари првата официјална средба со Архиепископот Стефан. Средбата се одржа на 18 јуни, а

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy