Анастасија и братучетките близначки пронајдени мртви по несреќа во Грција: Заминале на одмор во Солун, родителите неутешни
Телото на студентката Анастасија, која беше прогласена за исчезната по судирот на патнички и товарен воз во Грција, беше пронајдено во остатоците од возот. До неа беа пронајдени телата на нејзините братучедетки близначки Томи и Криса, кои беа идентификувани со ДНК анализа.
Трите студирале во Солун решиле за време на продолжениот викенд да отпатуваат во родниот град.
Сите тројца биле во патничкиот воз во моментот на несреќата и за жал го загубиле животот, пишува Прототема.
Родителите на близнаците, кои случајно се сопственици на познат ресторан, морале да отпатуваат во Лариса за да дадат примерок од ДНК, преку кој било утврдено дека починатите девојчиња се нивните ќерки.
Да потсетиме, во сударот на два воза во Грција загинаа најмалку 43 лица, а околу 80 се повредени. Надлежните соопштија дека несреќата била предизвикана од човечка грешка, а шефот на станицата Лариса е уапсен и обвинет за убиство од небрежност.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
