Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО „ГЕРЕСХАЈМЕР“ ЌЕ БИДЕ 1.100 ЕВРА – вкупната инвестиција на оваа компанија ќе достигне 200 милиони
Економија

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО „ГЕРЕСХАЈМЕР“ ЌЕ БИДЕ 1.100 ЕВРА – вкупната инвестиција на оваа компанија ќе достигне 200 милиони

02/03/2023

AA

Во Германската комора се многу задоволни од новата инвестиција на компанијата Гересхајмер, која достигна 126 милиони евра, и која заедно со првичната инвестиција достигнува влог на овој странски инвеститор од близу 200 милиони евра.

На таа тема до медиумите се огласи и новиот директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава, Герт Рабов.

Минатата недела, како што е познато, беше најавена изградбата на втората фабрика на германската инвестиција Гересхајмер во Северна Македонија. Гересхајмер произведува амбалажи од стакло, специјално стакло и пластика кои имаат примена во фармацевтската, козметичката и прехранбената индустрија.

„Станува збор за инвестиција од над 126 милиони евра и заедно со првичната инвестиција на оваа компанија, инвестицискиот волумен е скоро 200 милиони евра. Ова е рекордна инвестиција од формирањето на Технолошко-индустриските развојни зони во Северна Македонија. Планот на менаџментот е да се отворат повеќе од 180 нови работни места со просечна плата од 1.100 евра, што е значително над националниот просек“, вели Рабов во своето обраќање до македонската инвеститорска јавност.

Натаму, тој нагласува дека Делегацијата на германското стопанство во земјата, која веќе 23 години по ред се грижи за германските инвеститори и тесно соработува со Дирекцијата за Технолошко-индустриските развојни зони, е многу задоволна од фактот што сериозна германска компанија како Гересхајмер е најголемата Гринфилд инвестиција во земјата.

„Со ова се испраќа јасен сигнал дека Северна Македонија е одличен пазар за странските инвеститори, и како што земјата се залага да им понуди добри услови, така инвеститорите се залагаат за подобри услови за своите вработени“, вели Рабов. 

Само минатата година во ТИРЗ беа отворени околу 2.300 нови работни места при што се реализираа нови инвестиции со вредност од преку 430 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy