Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АНАЛИЗА НА „ЕКО-СВЕСТ“: Партиите ветуваат зелено Скопје, но планираат нови булевари кои ќе го зголемат загадувањето
Македонија

АНАЛИЗА НА „ЕКО-СВЕСТ“: Партиите ветуваат зелено Скопје, но планираат нови булевари кои ќе го зголемат загадувањето

17/10/2025

AA

Иако политичките партии во своите изборни програми за Скопје предвидуваат мерки за справување со климатските промени, најголемите од нив, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, истовремено планираат изградба на нови булевари и улици, што ќе доведе до зголемување на сообраќајот и загадувањето. Ова е клучниот наод од анализата „Изборен зелен семафор“ што ја спроведе еколошката организација Еко-свест, која ги оцени програмите според обврските што градот ги има преземено кон Европската повелба за градоначалници.​

Од организацијата велат дека биле пријатно изненадени што сите достапни програми предвидуваат мерки за зголемување на отпорноста на главниот град, но посочуваат и на сериозни контрадикторности.

​„Загрижува што и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како најголеми политички партии, иако имаат предвидени мерки за намалување на емисиите на територијата на градот, сепак во голем дел планираат изградба на нови или реконструкција на постоечки булевари и улици што секако ќе придонесе за зголемување на сообраќајот во градот и зголемување на емисиите и загадувањето“, изјави Елена Николовска, Програмски координатор за клима во Еко-свест.​

Анализата открива и други сериозни недостатоци во програмите. Иако општините имаат надлежности да поттикнуваат поставување фотоволтаични панели на домовите, само „Зелен Хуман град“ предвидел вакви мерки. Исто така, сите анализирани програми недоволно обрнуваат внимание на заштитата на природата, бидејќи создавањето нови зелени површини не е исто што и заштита на природата. Забележано е и дека само две од анализираните програми предвидуваат мерки за намалување на енергетската сиромаштија, додека едукацијата за клима и животна средина има многу ниска застапеност. И покрај потребата од регионален пристап, само две изборни програми планираат меѓуопштинска соработка.

​Од Еко-свест потсетуваат дека Скопје е потписник на Европската повелба за градоначалници уште од 2010 година, со што има преземено обврска да изработи Локален акциски план за енергија и клима, документ кој до денес не е изработен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy