Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АМЕРИКАНСКА ЕКОНОМИЈА ПАЃА, БРОЈОТ НА ОТКАЗИ РАСТЕ – ШТО ИМ ДОНЕСЕ ЦАРИНСКАТА ВОЈНА НА САД: Први индикатори за негативното влијание
Економија

АМЕРИКАНСКА ЕКОНОМИЈА ПАЃА, БРОЈОТ НА ОТКАЗИ РАСТЕ – ШТО ИМ ДОНЕСЕ ЦАРИНСКАТА ВОЈНА НА САД: Први индикатори за негативното влијание

02/05/2025

AA

На азиските берзи цените на акциите денеска пораснаа, додека доларот зајакна во
однос на кошницата валути, откако Пекинг соопшти дека по серија повици од
американски претставници, размислува за можноста за трговски преговори.

Индексот MSCI на азиските берзи околу 7 часот изутрина беше
во пораст од 0,4 отсто.

При тоа, цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија,
Јапонија и Хонг Конг се зголемија меѓу 0,4 и 1,7 отсто, додека во Шангај беа
малку намалени.

Азиските инвеститори ги охрабри пораката од кинеското
министерство за трговија дека по бројните повици од американската страна се
разгледува можноста за нови трговски преговори.

На пазарот ова се гледа како вовед во разговорите околу
царините и другите услови за меѓусебна трговија, кои, според аналитичарите, ќе
бидат долги и неизвесни.

Намалувањето на трговските тензии меѓу двете најголеми
економии во светот придонесе и за раст на американските фјучерс индекси, кои
пред веста за можните преговори беа во минус поради падот на акциите на „Епл“ и
„Амазон“, откако технолошките гиганти предупредија за негативното влијание на
царините врз нивното работење.

Така, азиските берзи го следат вчерашниот раст на Вол Стрит,
каде што индексот Дау Џонс порасна за 0,2 отсто, S&P 500 за околу 0,6
отсто, а Насдак индексот за 1,5 отсто.

Растот на S&P 500 индексот осми ден по ред се должи на
подобрите од очекуваните квартални резултати на повеќето компании вклучени во
овој индекс.

Благодарение на ваквите резултати, цената на акциите на
„Мета“ порасна за повеќе од 2 отсто, а на „Мајкрософт“ за над 3 отсто, па токму
технолошкиот и комуникацискиот сектор беа водечки во растот на берзите.

Иако финансиските резултати на компаниите се подобри од
очекуваното, економските показатели се слаби.

Во средата беше објавено дека американската економија во
првиот квартал неочекувано забележала пад — првпат по три години.

Новите податоци покажуваат и дека минатата недела се
зголемил бројот на отпуштени работници, а PMI индексот на производствениот
сектор во април дополнително паднал.

Ова се првите знаци за влијанието на трговската војна што
Вашингтон ја води со остатокот од светот врз економијата.

Доларот зајакна, а
цените на нафтата се зголемија

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на
кошницата валути порасна, така што неделниот пораст сега изнесува околу 0,5
отсто.

Индексот на доларот, кој ја мери неговата вредност во
споредба со шесте најважни светски валути, утрово се движи околу 100,05 поени,
додека вчера во исто време изнесуваше 99,95 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонскиот јен
благо се намали за 0,05 отсто, на 145,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на еврото, па цената
на еврото порасна за 0,1 отсто, достигнувајќи 1,1305 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа. Цената на барел на
лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,72 отсто, на 62,60 долари, додека на
американскиот пазар барелот поскапе за 0,78 отсто, на 59,70 долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy