Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот
Македонија

АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот

21/04/2026

AA

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), организира серија од три настани посветени на актуелните предизвици и можности во оваа област.

Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и довербата во пазарот.

„Интелектуалната сопственост често ја гледаме како апстрактна или техничка тема, но всушност, ја живееме секојдневно – во производите што ги купуваме, во услугите што ги користиме и во содржините што ги следиме. Во суштина, таа е прашање на доверба, дали тоа што го користиме е безбедно, квалитетно и оригинално“ – истакна Јелена Арсовска, извршната директорка на АмЧам во воведното обраќање.

Претседателката на Комитетот за интелектуална сопственост при АмЧам, Ана Пепељугоска, нагласи дека „интелектуалната сопственост не е изолирано правно прашање, туку дел од самата економска структура на едно современо општество, кое ги обликува условите за развој, конкурентност и предвидливост на пазарот.“

Претставникот на Амбасадата на САД во Скопје, економскиот советник,  Барнабас Биркеланд, во своето поздравно обраќање ја нагласи поврзаноста меѓу интелектуалната сопственост и јавното здравје: „Потребни се силни заштитни механизми и координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор, со цел да обезбедиме квалитетни лекови, постојани иновации и доверба во целокупниот систем на јавното здравје.“

Првиот настан, кој се одржа во текот на вчерашниот ден, беше посветен токму на состојбите во борбата против фалсификуваните лекови. Темата обедини претставници од институциите, бизнис секторот и експертската јавност, отворајќи суштински прашања за влијанието на оваа појава врз здравјето на граѓаните, пазарната конкуренција и довербата во системот. Во фокусот на панелистите беа актуелните состојби, институционалните механизми за контрола и заштита, како и улогата на индустријата во превенција и едукација.

Дискусијата укажа дека предизвикот со фалсификуваните лекови не е само прашање на постоење на регулатива, туку пред сè, на нејзина доследна примена во пракса и ефикасна заштита на правата од интелектуална сопственост. Беше нагласена потребата од посилна контрола долж синџирот на снабдување, поголема транспарентност и следливост на производите, како и поефикасна размена на информации помеѓу институциите и индустријата. Учесниците се согласија дека зачувувањето на интегритетот на пазарот е клучно за заштита на квалитетот, сигурноста и вредноста на интелектуалната сопственост.

Во рамки на оваа серија на настани на АмЧам, неделава ќе следуваат уште два тематски настани кои ќе адресираат различни димензии на интелектуалната сопственост. Денешниот втор настан, ќе биде посветен на значењето на географските ознаки како алатка за градење препознатливи и конкурентни домашни брендови на меѓународните пазари, додека пак третиот настан, кој ќе се одржи во петок, ќе ги отвори предизвиците поврзани со нелегалното емитување авторски содржини – особено во контекст на дигиталните платформи и новите технологии, каде заштитата на правата станува сè покомплексна.

Со оваа серија активности, АмЧам ја става интелектуалната сопственост во контекст на реалната економија како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и конкурентноста на пазарот и создава стабилна основа за долгорочен развој и предвидлива деловна средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy