Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛТЕРНАТИВИТЕ БЕЗ ЧАД НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР Научни истражувања ја покажуваат разликата помеѓу цигарите и уредите за загревање тутун
Македонија

АЛТЕРНАТИВИТЕ БЕЗ ЧАД НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР Научни истражувања ја покажуваат разликата помеѓу цигарите и уредите за загревање тутун

05/02/2026

AA

Користењето на алтернативни тутунски производи во затворен простор не влијае врз квалитетот на воздухот внатре, за разлика од користењето на традиционални цигари кое има значително влијание во затворени простории, заклучија бројни странски, но и домашни експерти уште пред неколку години, анализирајќи ги и споредувајќи ги податоците од стотици истражувања и студии направени низ светот. Целта на овие истражувања е да се докажат клучните разлики меѓу традиционалните цигари и алтернативните производи без чад и да се потенцира дека станува збор за две различни категории производи, што е клучно при креирањето на јавно-здравствените политики во развиените земји во светот, во кои алтернативите без чад се еден од основните елементи на концептот за намалување на штетите.

Главната причина поради која се јавува разликата меѓу двете категории производи е начинот на кој се третира тутунот кај традиционалните цигари и уредите за контролирано загревање тутун. Кај цигарите, тутунот гори во услови на недоволно количество кислород при висока температура околу 800 степени Целзиусови. При вакви услови на согорување на тутунот, се создава чад кој содржи повеќе од 6.000 супстанции, меѓу кои има и цврсти честички, метали, но и јаглерод моноксид. Над 100 од овие супстанци имаат докажано или пак потенцијално негативно дејство врз здравјето на луѓето. Од друга страна, при користењето уреди што само го загреваат, но не го горат тутунот, се создава аеросол кој има сосема поразличен состав од чадот.

Сознанијата добиени на светско ниво, кај нас ги потврди студијата „Правни, економски и медицински согледувања кон концептот за намалување штети од користење тутун“ што ја спроведе Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во 2023 година. Во делот на испитувањето на медицинските аспекти за намалувањето штети од користењето тутун, авторите на студијата анализирале податоци добиени во релевантни светски истражувања. Во еден дел од студијата, авторите го отвораат прашањето за влијанието на аеросолот генериран од уредите за контролирано загревање на тутунот, како и на чадот генериран од конвенционалните цигари врз индивидуалното здравје на корисникот на овие производи. Во поширок контекст на загадувањето на непосредната околина, како и влијанието врз здравјето на луѓето во близина, авторите наведуваат дека есенцијално е прашањето за влијанието на споменатите уреди врз квалитетот на воздухот во затворени простории.

– Користењето на уредите за контролирано загревање на тутунот практично не влијае врз квалитетот на воздухот во затворени простории од различен тип. Во амбиенталниот воздух во овој случај се присутни само три соединенија во значајни концентрации: глицеролот (кој не е полутант), ацеталдехидот и, секако, никотинот. Концентрациите на ацеталдехидот и никотинот се значително пониски од максимално дозволените вредности – пишува во студијата на ЦПИА.

Токму врз основа на собраните резултати, анализи и светски искуства, уредите што го загреваат тутунот до одредена температура, без да го горат, добија одобрение за помала изложеност на штетни супстанции за време на употреба од еден од најрелевантните здравствени регулатори во светот – Американската администрација за храна и лекови (FDA). ФДА ги класифицираше овие уреди во категоријата производи со „модифициран ризик“ (MRTP) и потврди дека нивната употреба значително го намалува производството на штетни и потенцијално опасни супстанции.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy