
Алтернатива вели крушата под круша паѓала: Уапсениот Дрин Ахмети и неговиот вујко Али Ахмети се синоним за криминал и корупција
И од Алтернатива вечерва реагираа на веста дека внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е уапсен поради поседување на пиротехника.
„Како што дознаваме од наши извори, вечерва е уапсен формалниот сопственик на СОРАВИА Дрин Ахмети, внук на вистинскиот сопственик Али Ахмети поради шверц на пиротехнички средства. Како што веќе рековме, крушите паѓаат под круши. Злосторството што го подметнаа вујкото и таткото, сега ги јаде и нивните деца. Дрин Ахмети е жртва на страста на неговиот вујко Али Ахмети за богатство и пари. Ако треба да функционира правната држава, Дрин Ахмети треба да биде осуден на неколку години затвор. За граѓаните кои сè уште имаат дилеми, Соравија, Дрин Ахмети и Али Ахмети се синоним за криминал, корупција и шверц, што сета оваа нивна темна страна се обидува да ја покрие со европски речник, кој – освен раководството на Алијансата за Албанците – никој друг не веруваш. Но, Дрин Ахмети е уапсен наместо неговиот вујко, а наскоро ќе видиме кој ќе ја плати цената на неговата осуда или ослободување“, велат од Алтернатива.
