Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведен Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и сосопственик на „Соравија“
Магазин

Приведен Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и сосопственик на „Соравија“

30/12/2023

AA

Полицијата вечерва го привела Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.

Дрин Ахмети, кој има 25 години е притворен вечерва нешто пред 20 часот.

Полицајци го запреле возилото „ренџ ровер“ со кое управувал Д.А и при преглед пронашле пиротехнички средства“, велат од Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа.

„Лицето Д.А, од село Зајас – Кичево, е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.

По веста за приведувањето на Дрин Ахмети, веднаш реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед дека Ахмети е од „европската коалиција”, дали и пиротехничките средства кој ги шверцувал внук му Дрин се европски?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Името на внукот на Ахмети стана познато во јавноста во јуни годинава, кога беше објавено дека купува деловен објект во центарот на Скопје вреден милиони евра. Тогаш не беше објавено колку чини купувањето на трговскиот центар, туку само дека има долг од над 20 милиони евра.

Со свои 25 години, внукот на Ахмети има повеќе бзниси. Покрај купувањето на Соравија преку компанијата „Тор индустрис“ , Дрин Ахмети преку друга негова компанија, „Еверест ЏД“ поседува и активна концесија за експлоатација на варовник во Зајас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва на насилство, заслужува крајот на

13/08/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која поминала 17 и пол години

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“: Злоупотребена

13/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy