
Алкараз со еден загубен сет го помина Еванс
Алкараз загуби еден сет, но без големи проблеми го помина Еванс. Шпанскиот тениски ас ги доби првите два сета со 6-2 и 6-3.
Третиот сет му припадна на Британецот Еванс со 6-4, но во четвртиот Алкараз го крена нивото недозволувајќи нови проблеми, го доби сетот со 6-3 и дојде до победа од 3-1.
Во осминафиналето Алакараз ќе игра против италијанскиот тенисер Арналди кој со 3-0 беше подобар од Нори.
