Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алкараз: Јас си ја завршив работата, сега на ред се фудбалерите на Шпанија!
Спорт

Алкараз: Јас си ја завршив работата, сега на ред се фудбалерите на Шпанија!

14/07/2024

AA

Карлос Алкараз денеска стана самиот деветти тенисер во историјата кому му успеало да ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во големото финале го растури Новак Ѓоковиќ (6-2, 6-2, 7-6).

Шпанецот на можеби најдобриот на сите времиња му го нанесе еден од најтешките порази во кариерата и тоа откако противникот спаси три меч топки во финишот на третиот сет.

„Тешко ми беше да останам смирен и концентриран после ситуацијата кога пропушти 40:0 на свој сервис за победа, но сетот отиде во тај-брејк каде што се обидов да го играм мојот најдобар тенис. Среќен сум што успеав да го направам тоа, што ме доведе во оваа ситуација“, изјави шампионот на Вимблдон.

Тој е само шестиот тенисер кој ги освоил Ролан Гарос и Вимблдон во иста година.

„Само се борам и верувам во себе, не знам што друго да кажам, одлична работа е да се биде во друштво на играчи кои ги освоија овие турнири во иста година бидејќи не се сметам себеси за голем шампион. Сепак, се трудам да продолжам да одам по мојот пат и да ја градам кариерата најдобро што можам“, дополни Алкараз.

Тој сега смирено ќе може да го гледа финалето на фудбалското ЕП, во кое неговата Шпанија ќе ги одмери силите против Англија во Берлин.

„Јас си ја завршив работата, сега нека го сторат тоа и фудбалерите. Сигурно ќе биде тежок натпревар и се надевам дека подобра екипа ќе ја освои титулата“, заврши Шпанецот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy