
Алкараз ја освои титулата во Барселона, но Ѓоковиќ останува прв на АТП-листата!
Алкараз за еден час и 20 минути ја одбрани титулата, која ја освои минатата година, па тоа значи дека нема да добие дополнителни поени и ќе остане на втората позиција на АТП-листата, која ќе биде објавена утре.
Новак Ѓоковиќ испадна во четвртфиналето на турнирот во Бања Лука, па ќе загуби 105 поени, но и покрај тоа останува лидер со 7.135 бода, додека Алкараз ќе има 6.770 бодови на второто место.

