Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осветен манастирот „Собор на Св. Архангел Михаил“
Македонија

Осветен манастирот „Собор на Св. Архангел Михаил“

23/04/2023

AA

Во селотоа Саса во Македонска Каменица денеска извршено е осветување на манастирот „Собор на Св. Архангел Михаил“. Голем број верници од каменичко денеска присуствуваа кај месноста Среден рид, во Аџиско Маало каде се наоѓа самиот манастир, кој беше осветен од владиката Иларион во сослужение со свештенослужители од Брегалничката епархија и свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ од Македонска Каменица.

Упатувајки го поздравот Христос Воскресна, брегалничкиот Митриполит истакна дека денес е посебен ден за Општина Македонска Каменица.

-Денес е посебен ден и за Брегалничката епархија, за целата Македонска православна црква и за целата Света православна црква. Денеска по Божја промисла по овие радосни паскални денови кога го славиме воскресението Христово ја славиме антипасхата, јавувањето на Господ повторно на учениците, го осветивме и храмот овде во Аџиско Маало во село Саса посветен на светиот архистратиг Михаил Гаврил. Ги осветивме и овие конаци и дај боже да постане место каде сите луѓе ќе постанат жив храм, славејки го Бога, сплотувајки се и соединувајки се, прославувајки го Бога да стасаме до вечен живот и Царство Небесно, нека е честито и благословено, рече владиката Иларион.

На настанот присуствуваше и градиначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски кој честитајки им ги празникот рече дека како локална самоуправа ќе продолжат да помагаат на секој кој ќе побара помош за изградба на вакви објекти.

Како што велат мештани, храмот е изграден со поддршка од донации на општествено-одговорни фирми и од самото население. Изразија надеж дека ова манастирско место ќе прерасне во атрактивен комплекс во кој посетителите ќе можат да уживаат во убавините на Осоговските планини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши своето учество на маратонската трка во рамки на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy