Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу по повод Светски ден на дарители на коскена срцевина: Секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки животи
Македонија

Алиу по повод Светски ден на дарители на коскена срцевина: Секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки животи

20/09/2025

AA

По повод Светскиот ден на дарители на коскена срцевина, Министерството за здравство ја истакнува важноста на националниот дарителски регистар, кој функционира во рамки на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет-Скопје.

Националниот регистар е единствениот официјален регистар во државата и досега се овозможени вкупно 69 трансплантации на пациенти од државава и три на странски пациенти со клетки од македонски дарители. Во него се регрутирани повеќе од 6.000 доброволни дарители.

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод денот истакнува дека „секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки живот. Министерството за здравство останува целосно посветено на поддршка на Националниот дарителски регистњр. Благодарение на солидарноста и хуманоста на дарителите, денес имаме пациенти кои добиле нова шанса за живот.“

Министерството за здравство изразува благодарност на сите дарители и ги охрабрува граѓаните со цел нивно вклучување во регистарот, бидејќи секој нов дарител значи нова шанса за живот

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy