Алиу и Меџити сакаа да имаат прес во Влада, не ги пуштија!
Министрите за информатичка технологија и администрација, Азир Алиу и за здравство, Фатмир Меџити пред околу еден час најавија прес конференција во медиа центарот на Владата.
Но, според информациите од терен, истите не биле пуштени да влезат во Владата и да одржат конференција.
„Почитувани претставници на медиумите, Ве покануваме да присуствувате на прес-конференцијата на министерот за информатичка технологија и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Конференцијата ќе се одржи денес (вторник) 06.02.2023 година во Медиа Центар и РМВ со почеток во 18:00 часот“, напишаа од таму.
Сепак, министрите одлучиле своите изјави да ги дадат пред Владата.
Засега нема информации за тоа поради што се должи оваа одлука.
Претходно, од Алијанса за Албанците најавија дека ќе бараат од премиерот Талат Џафери разрешување на министерот на МИОА и министерот за здравство.