
Џафери: Јас не сум премиер на Фејсбук, ако некој министер се повлече ќе излезам и ќе предложам други
Запрашан за поделбите во Алијансата за Албанците и можното влијание на ваквата состојба врз владиниот состав, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека доколку некој министер се повлече тој ќе предложи ново име.
Џафери вели дека „не е премиер на Фејсбук“.
„Се разбира, не го оспорувам правото на учесниците да ги преиспитаат своите ставови за учество во владата, за секој член на Владата слободно да се изрази за својот понатамошен статус во владата. Мое е да го следам и во меѓувреме според нивното однесување да постапувам според рамката на моите надлежности. А моја надлежност во вакви ситуации е да излегувам пред собрание со други предлози. Јас не сум Фејсбук политичар, не сум премиер кој владее според изјави и активности на Фејсбук. Јас сум премиер на оваа влада, за која предложив состав, затоа членовите на владата мора официјално да се изјаснат во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат на институционална линија, дали имаат чувства за припадност кон овој состав или не!“, вели Џафери.