
Александар испратил пораки на телефонот на Вања: Се што ќе побарате се ќе направиме, од родителите
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче.
Таткото Александар Ѓорчевски на прашање од судијата рече дека испратил две пораки на мобилниот телефон на Вања. Тоа го направил околу 13, 14 или 15 часот попладнето истиот ден кога е играбната Вања.
„Се што ќе побарате се ќе направиме. И подоцна ми текна да додадам уште една порака и таа гласеше „Од родителите““, рече обвинетиот Александар Ѓорчевски.
„Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон и пораката веднаш ќе им се појави“, додаде Ѓорчевски.
