Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За викендот изречени над 2300 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење
Македонија

За викендот изречени над 2300 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење

14/04/2025

AA

Во изминатиот викенд (12/13.04) продолжувајќи со засилениете сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека пак за неправилно паркирање евидентирани беа 271 прекршок, како и 191 прекршок заради управување на возило без возачка дозвола.

Покрај ова евидентирани се и 92 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, заедно со 105 возачи на мотоцикл кои што не носеле заштитна кацига, а 45 санкции се изречени за користење на мобилен телефон при возење. Исто така, 78 возачи се отстранети од сообраќај за возење под дејство на алкохол, а 16 минале на црвено семафор.

Во врска со прекршоците од Законот за возила од сообраќај се отстранети вкупно 64 возила од кои заради техничка неисправност осум а заради неважечка сообраќајна дозвола 56 возила.    

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од

07/09/2026
Македонија

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000

07/09/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026
Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради музичкиот настап во

07/09/2026
Македонија

Груби со насмевка на судење: Поранешниот вицепремиер не се чувствува

07/09/2026
Македонија

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

07/09/2026
Македонија

Утре голем концерт во Скопје: Еве што не смеете да

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45521
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од претходната

07/09/2026

Скопје ќе добие значително повеќе опрема за собирање отпад, откако е потпишан договорот за набавка на 3.300 нови контејнери. Станува

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000 грла

07/09/2026

Состојбата со сипаниците кај овците и натаму е сериозна, а надлежните служби регистрираат нови ризични подрачја и преземаат мерки за

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026

Повеќе случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатото деноноќие во Охрид, Струга и Скопје. Во еден од случаите, насилството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy