
Албин Курти го презентираше дронот „Бајрактар“ купен од Турција
Премиерот на Косово, Албин Курти, ги покажа пред јавноста беспилотните летала „Бајрактар“ што Косово ги купи од Турција, иако косовското Министерството за одбрана засега ниту го демантираше ниту официјално го потврди тоа.
Курти денеска изјави дека познатите беспилотни летала „Бајрактар“ се додадени во арсеналот и дека некои армиски офицери веќе завршиле обука за нивна употреба.
„Во арсеналот на нашата армија ги додадовме беспилотните летала Bayraktar TB-2, кои ги купивме како Влада од Турција“, напиша Курти на Фејсбук.
За две години владеење, Курти рече дека го зголемиле „за над 80 отсто бројот на војници и над 100 проценти буџетот за армијата“.
Косово го купи дронот „Бајрактар“ од Турција, кога повторно се милитаризира политиката во регионот и светот.

