Албанско знаме поставено на црква на тетовско Кале
Црковниот одбор при храмот Свети Атанасиј во полиција пријавиле сквернање на верскиот објект.
Се работи за поставено знаме на Албанија веднаш до крстот.
Настанот бил пријавен попладнево околу 17 часот и 40 минути во СВР Тетово.
„Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј” на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.