Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: По победата на 8 мај за четири години ќе ги завршиме преговорите и со уште две години за ратификација ќе бидеме членка на ЕУ
Македонија

Ковачевски: По победата на 8 мај за четири години ќе ги завршиме преговорите и со уште две години за ратификација ќе бидеме членка на ЕУ

20/03/2024

AA

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски зеде учество на инфо сесија „ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа“ заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ и со Марко Ѓорѓиевски од Националната агенција за европски образовни програми и Марко Михаилоски од Социјал демократската младина на Македонија.

Ковачевски во своето обраќање до младите истакна дека „пред нас имаме избори на кои ќе се одлучува за исклучително важно стратешко прашање за државата, а тоа е дали ќе продолжиме на патот на европските интеграции или ќе се вратиме назад како што беше од 2006 до 2016 година“.

Тоа е особено важно за младите, рече Ковачевски, затоа што европскиот пат им отвора перспективи и програми, каква што е Еразмус+ програмата кои не смееме да бидат загрозени.

„Зошто Еразмус програмата е важна? Таа е важна од најмалку два аспекти, првата е финансиска меѓутоа по мене уште поважна е мобилноста за студентите и можноста да посетуваат настава, да одат на универзитети и на училишта надвор од нашата држава. Од друга страна можноста можноста од други држави да дојдат студенти и да се запознаат со нашето образование, нашата култура, со нашата земја, тоа е исто така многу важно бидејќи процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентите, нашата култура и нашиот македонски јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици, култури и европски идентитет“, посочи Ковачевски.

Тој потенцираше дека СДСМ има многу јасен план за остварување на целта членство во ЕУ и дека со новата Влада, по победата на парламентарните избори на 8-ми мај ќе се забрза процесот на зачленување со донесување на потребните одлуки.

„Четири години се сосема доволни за завршување на преговарачкиот процес бидејќи покажавме дека во година и пол можеме да завршиме успешно скрининг процес за што комплименти давам на сите што беа вклучени на чело со Бојан и потоа за уште две години да се заврши процесот на ратификација и СМ да стане земја членка на ЕУ. Значи нема откажува од европската иднина на Македонија, јас ве поттикнувам сите вас млади кои сте тука присутни меѓутоа и сите оние кои што не следат по пат на социјалните медиуми да не се откажуваат од својата европска иднина“, им порача на младите Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
Македонија

Историски нискиот водостој на Дунав ги крена цените на струјата:

06/08/2026
Македонија

Владата не планира зголемување на цената на струјата, можно проширување

06/08/2026
Македонија

Струга бележи рекордна посетеност: Богатата летна програма ги исполни бреговите

06/08/2026
Македонија

Жештини, невремиња и пожари: сè поголем товар за инфраструктурата

06/08/2026
Македонија

Алармантен демографски тренд: Во новата учебна година дури 4.900 помалку

06/08/2026
Македонија

МОН ги објави конечните резултати од матурата: Просечна оценка 3,66,

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44885
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски најави и голема акција за

06/08/2026

Дрвјата што паднаа за време на силното невреме во Скопје ќе добијат нова намена. Наместо да завршат како отпад, здравите

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен сообраќаен бум

06/08/2026

Македонските аеродроми бележат двоцифрен раст на бројот на патници и летови, со што станаа најбрзорастечки во целиот регион, истакна денеска

Историски нискиот водостој на Дунав ги крена цените на струјата: Македонија има стратегија и е

06/08/2026

Драматичниот пад на водостојот на реката Дунав, кој во одредени делови достигнува стогодишен минимум, врши силен притисок врз цената на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy