Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛБАНСКАТА МИНИСТЕРКА СПИРОПАЛИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕЏИТИ Порака на политичка блискост
Македонија

АЛБАНСКАТА МИНИСТЕРКА СПИРОПАЛИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕЏИТИ Порака на политичка блискост

23/12/2025

AA

И градоначалникот на Чаир, Изет Меџити беше домаќин на Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Албанија, која ја посети Општината.

„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси. Присуството на г-ѓа Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија“, соопшти Општина Чаир.

Оваа средба, се додава во соопштението, го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ.

Претходно Меџити и Спиропали положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на, како што се вели во соопштението, почит и длабоко уважување кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците.

„По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи“, соопшти Општина Чаир.

Фото: Општина Чаир

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ШТО ЗНАЧИ АПСТРАКТНИОТ ПОЛИТИЧКИ ПОИМ „ПАКЕТ ОД 2022 ГОДИНА“ Владата

23/12/2025
Македонија

АЛБАНСКАТА МИНИСТЕРКА СПИРОПАЛИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕЏИТИ Порака на политичка блискост

23/12/2025
Македонија

МАГЛА, ОБИЛЕН ДОЖД И ЈУЖЕН ВЕТАР Планините ќе забелат од

22/12/2025
Македонија

КРАЈ НА БЛОКАДАТА: ГП Евзони повторно отворен – рампата се

22/12/2025
Македонија

Ахмети со ултиматум и закани: „Јас ја срушив Југославија, не

22/12/2025
Македонија

АХМЕТИ ЖИВЕЕ ВО ФОЛКЛОРОТ ОД ПРЕД 20 ГОДИНИ Муцунски не

22/12/2025
Македонија

БОКС МЕЧ ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Пратениците си разменија тупаници за

22/12/2025
Македонија

Битола се гуши во екстремен смог – половина град се

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39325
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ШТО ЗНАЧИ АПСТРАКТНИОТ ПОЛИТИЧКИ ПОИМ „ПАКЕТ ОД 2022 ГОДИНА“ Владата инсистира на предвидливост и критериуми

23/12/2025

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека ставот на Софија е дека државава има обврска да го имплементира пакетот

МАГЛА, ОБИЛЕН ДОЖД И ЈУЖЕН ВЕТАР Планините ќе забелат од снег

22/12/2025

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

КРАЈ НА БЛОКАДАТА: ГП Евзони повторно отворен – рампата се крена за сите возила

22/12/2025

Добра вест за патниците кои вечерва останаа заглавени на јужната граница. Блокадата на граничниот премин Евзони (влез во Грција) е

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy