
АЛБАНЦИТЕ НЕ САКААТ ДА НАПРАВАТ НИКАКОВ КОМПРОМИС, ЈАС НЕМА ДА ПОТПИШАМ КАПИТУЛАЦИЈА НА СРБИЈА – Вучиќ остар за Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Мирослав Лајчак е во Приштина и дека е малку веројатно дека е постигнат некаков напредок. Тој истакна и дека е сигурен оти косовскиот премиер Албин Курти е решен да не формира ЗСО.
„Курти е решен да не прави ЗСО. Визната либерализација е охрабрување на Курти. Лајчак ќе пристигне во Белград во понеделник, ќе се обидеме да најдеме некаков пат кон напредок за нормализација на односите“, изјави Вучиќ за телевизијата Хепи и додаде:
Ќе имаме една 30-минутна средба, а потоа де факто ќе поминам два дена работејќи со него и ќе се обидам да најдам некаков начин за нормализација на односите“, рече Вучиќ.
Како што рече Вучиќ, „од многу причини немаме ништо против укинување на визите и дека треба да се радуваме на оваа одлука“.
„Но, моментот во кој тоа се случува покажува дека тие не само што не се подготвени да вршат притисок, туку го охрабруваат Курти да продолжи со политиката на неисполнување на сопствените обврски“, рече Вучиќ.
Вучиќ рече и дека луѓето во Србија треба да знаат дека никој од српското раководство не напишал никаков план или предлог, туку Германија и Франција.
„Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација на Србија. Нема да има капитулација, нема да има предавање, на сите им кажав дека Србија нема да се согласи со влез на Косово во ОН, ниту ќе ја признаеме нивната независност на овој или оној начин. Вие ја исполнувате обврската – формирајте ЗСО, а јас ви велам дека нема. Подготвени сме да направиме бројни компромиси, но Албанците нема да направат ништо“, рече Вучиќ.
Нова,рс
