Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО РАБОТИТЕ ВО ХРАВАТСКА, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ – се повеќе келнери заминуваат, но има и проблем
Економија

АКО РАБОТИТЕ ВО ХРАВАТСКА, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ – се повеќе келнери заминуваат, но има и проблем

23/02/2023

AA

Келнерите се почесто бираат да заминат на работа во странство каде им се нудат повисоки плати, а се ветуваат и платени придонеси. Фелатa се повеќе кубури за работници во секторот, а упатените предупредуваат дека работниците кои ќе работат во странство може да останат без платени придонеси поради бирократски „сопки“.

Иако се уште сме во зимните месеци, побарувачка за сезонци за следната летна сезона веќе има, па ова го отвара прашањето дали ветувањето во огласите за сезонско вработување во угостителската индустрија во соседството за регулирано здравственото и пензиско осигурување е вистинито.

– Во сите огласи за сезонско вработување во угостителската индустрија на работниците им се нудат разни поволности меѓу кои најупотребувана е дека им е регулирано здравственото и пензиско осигурување односно дека на истите им се исплаќаат придонеси на нето платите кои ги нудат. Дали и во колкав обем навистина се исплаќаат овие придонеси на сезонските работници во соседството немаме информација, но она што треба да го знаат угостителските работници дека немаат никакви бенефити од овие платени придонеси по завршувањето на сезонската работа – вели првиот човек на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.

Јосифовски за „Фактор“ објаснува дека за да може еден работник во соседството да оствари право на делумно пензиско осигурување во зависност од државите потребно е да има регулиран престој и континуитет од непрекината работа од 5 до 15 години.

– Ова значи сезонските работници кои работат по неколку месеци во годината без разлика дали и во кој обем им е регулиран престојот и им се исплаќаат придонеси на исплатените нето износи дури и да работат повеќе од 10 или 20 години сезонски кај исти работодавци или иста држава нема да остварат ниту имаат никакво право на пензиско осигурување – предупредува Јосифовски.

Наши сограѓани последниве години поинтензивно заминуваат на работа во Хрватска, која вети осигурување, но какви се условите кои тие треба да ги исполнат за за да им се плаќа здравствено и пензиско осигурување е непознато.

– Она што не се зборува јавно, за да може по пристигнување на работникот во Хрватска да ги оствари правата за бруто плата, процесот на пријава и регулирање на престој трае од неколку недели до неколку месеци. Како и на кој начин на сезонскиот работник во меѓувреме му се исплаќаат нето или бруто плати немаме сознаниија. Поради енормниот недостиг на угостителски кадар на хрватските угостители им се прогледува низ прсти за начините на регулирање на вработувањата на работници од соседството кои задоволни од исплатените нето плати не се замараат дали и на кој начин навистина им е регулиран престојот со или без соодветно здравствено и пензиско осигурување – укажува Јосифовски.

Претседателот на НУК додава дека многумина наши сограѓани за периодот на сезонската работа во странство или Хрватска и понатаму користат бенефити од здравственото осигурување во Македонија.

Посочува дека неколкукратно повисоките плати кои се нудат за сезонски вработувања се основниот мотив што ги поттикнува младите луѓе и угостителскиот кадар од Македонија да се заинтересира за сезонско вработување. Додава дека дополнителните мотиви како што се дестинациите односно туристичките центри, културата, искуството и знаењето што се стекнува заедно со контактите кои можат да ги остварат допринесуваат работниците да одлучат да заминат во странство.

– Не постои формула, ни идеја, ниту национална стратегија со кои младите и професионалните угостителски работници би се задржале во земјата. Се додека во соседството и Европа има енормен недостиг од угостителски кадар и надоместоците за истите се најмалку три до пет пати поголеми од платите кои можат локалните македонските угостители да ги исплатат, угостителите мака ќе мачат да обезбедат квалитетен и лојален угостителски работник и ќе бидат тренинг центри и одскочни даски за сите оние кои својата среќа и работа ќе ја побараат надвор од државата – прецизира Јосифовски.

Според него, дури и кога државата би вовела т.н. договори за деташман во туристичо – угостителската индустрија со кои донекаде би се регулирале начините за размена односно изнајмување на угостителски работници од Македонија, би се вовел ред и би постоело можности за статистика и анализа колку млади луѓе и угостителски кадар заминуваат во странство за сезонско вработување како угостителски работници.

– Предноста е што бенефитите од овие договори би биле подеднакви за државата, угостителите и најмногу за угостителските работници бидејќи со истите се плаќаат придонеси во Македонија и се регулира нивниот стаж односно пензиско и здравствено осигурување во државата – укажува претседателот на НУК.

Во меѓувреме угостителскиот сектор во земјава се соочува со голем недостиг на кадар, што има сериозен импакт врз домашниот угостителски сектор. Поради тоа угостителите се приморани да вработуваат секој кој сака да работи како угостителски работник, не навлегувајќи во неговите способности, искуства и квалификации, а сето тоа се рефлектира на квалитетот на услугите во угостителските објекти.

– Угостителите во Македонските туристички центри ќе трпат штети поради неможноста да обезбедат сезонски работници што дополнително ќе влијае на цените и квалитетот на услугите.  Како резултат на неможноста угостителите и угостителскиот сектор да се справи со недостиг на професионален кадар во наредниот период ќе се намалат инвестициите во обнова на угостителските објекти односно, но ќе има и драстично намалување на интересот и инвестициите во изградба на нови угостителски објекти. Најверојатно ќе бидеме сведоци на непосакувата опција некои угостители во неможност да обезбедат работници да мораат да ги затворат објектите, делумно или целосно – укажува Јосифовски.

Петранка Огнаноска

Фото: Принтскрин/Јутуб/Алфа ТВ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy