Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ако Иран го затвори Ормутскиот теснец
Македонија

Ако Иран го затвори Ормутскиот теснец

23/06/2025

AA

Заканите на Иран дека по нападите од САД ќе го затвори Ормускиот теснец низ кои дневно поминуваат 30 отсто од светската сирова нафта која се тргува по море и 20 отсто од течниот гас кој 80 насто е наменет за Азија, а 20 за Европа, може да влијае на инфлацијата и да ја влоши економијата во Македонија. За економистите, ако кризата околу теснецот биде краткорочна, тогаш ефектите би биле помали.

„И сето тоа може да предизвика висок ризик или поставување на ризиците во однос на глобалната стапка на инфлација. А тоа значи подигнување на цената на глобалните пазари на нафта на едно повисоко ниво. Да очекуваме дека тоа нема да трае долго и да ескалира состојбата, но никој не може со сигурност тоа да го предвиди“, изјави Синиша Наумоски, универзитетски професор.

За професорот по политички науки Огнен Вангелов, затворањето на теснецот би ја трансформирал кризата од регионален судир во глобално безбедносно и економско прашање. Ова би значело дека САД и сојузниците би реагирале не само поради нивната позиција во регионот, туку поради обврската да гарантираат слободна пловидба во една од најважните економски артерии во светот. Таква интервенција би носела ризик од понатамошна ширење и ескалирање на конфликтот, особено ако има директни судири меѓу американската војска и иранските сојузници во регионот.

„Од геополитичка перспектива, ваквиот потег би го продлабочил расцепот меѓу големите сили, додека Западот најверојатно ќе го осуди затворањето на теснецот како акт на економско уценување и дестабилизација. Дел од незападниот свет, посебно Русија, Кина, други земји од БРИКС, како и генерално земјите од глобалниот југ, би биле многу повнимателни во реакцијата, можеби дури и отворено критично кон западната агресија која го предизвикала самиот конфликт“, вели Огнен Вангелов, универзитетски професор.

Ова би го отежнало дипломатско решавање на конфликтот.
Професорот Наумоски пак посочува дека клучна опасност од оваа криза е колку таа ќе влијае врз глобалниот економски раст. Македонија мора исклучително да биде внимателна и да следи што се случува кај нашите најголеми трговски партнери.

„ Тука секако ризиците мора да ги поставиме од другата страна врз германската држава, германската економија, во насока на тоа што ние сме директно зависни од оние фабрики кои работат и кои извезуваме во насока на техничко -индустриските зони“, изјави Синиша Наумоски, универзитетски професор.

Македонија извезува над 43 отсто од производите и услугите во Германија, а во ЕУ околу 70 отсто.

Професорот Вангелов вели дека евентуалното затворање на теснецот не мора да значи нужно долготрајна акција туку може да биде калибриран како сигнал за принуда за враќање кон преговори.

„Затворањето на Ормускиот теснец би било многу повеќе од воен одговор на Иран. Тоа би било еден вид политичка порака за границите на толеранцијата и за прераспределбата на глобалното влијание, како и за слабостите на постојниот меѓународен поредок кој се потешко одржува рамнотежа меѓу силата и правото“, вели Огнен Вангелов, универзитетски професор.

Дел од експертите очекуваат пак Израел да оди до крај со нападите и во обидот да ја урне владата во Техеран. Сепак, нејасно е колку има реална основа за ваква промена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy