Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ: Млекото и млечните производи се безбедни
Македонија

АХВ: Млекото и млечните производи се безбедни

11/05/2023

AA

Одговорно тврдиме, безбедносниот систем за млекото и млечните производи не е нарушен. Покрај лабораториските испитувања, во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за годинава, како дел од повеќегодишните програми за контрола и искоренување на болестите кај животните, вклучително и на бруцелозата, се вршат и клинички прегледи. Лабораториските испитувања се само една од методите за докажување на здравствениот статус на животните на одгледувалиштата.

Ова е реакцијата од Агенцијата за храна и ветеринарство откако Цветан Трипуновски од ВМРО – ДПМНЕ објави дека не е спроведена јавна набавка за лабораториско испитување на болеста бруцелоза.

– Примарната контрола на здравствениот статус на животните на фармите ја имаат сточарите и тие водат сметка за ова. Ја почитуваат законската обврска секоја промена во здравствениот статус на животните да ја пријават до ветеринарните друштва или официјалните ветеринари. Суровото млеко кое влегува во процесот на производство задолжително термички се третира(стерилизира/пастеризира) со што се елиминира и можноста, млеко заразено со бактеријата бруцела да влезе во производството. Оваа бактерија со термичкиот третман на млекото се уништува. Дополнително, врз основа на сопствени контролни програми и контролите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, се контролира и безбедноста на секој готов производ, се појаснува во реакцијата од АХВ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!

24/02/2026
Македонија

НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО МАТИЧНО Жена приведена по инцидент во Битола

24/02/2026
Македонија

За еден ден приведени 15 возачи низ државата

24/02/2026
Македонија

Претрпел физички болки и страв – селанец од кичевско доби

24/02/2026
Македонија

Филков бара образложение на одлуката за куќен притвор за Артан

24/02/2026
Македонија

20 метри огревни букови дрва исечени во Националниот парк „Шар

24/02/2026
Македонија

МЛАДИ РАЗБОЈНИЦИ ГИ ТЕРОРИЗИРАЛЕ ПРИЛЕПЧАНИ Петмина насилници со сила ограбиле

24/02/2026
Македонија

Кривична пријава против седум лица за измама поврзана со сообраќајна

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!

24/02/2026

Министерството за здравство одзеде лиценци за одгледување канабис за медицински цели на шест компании, по спроведени контроли во кои биле

НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО МАТИЧНО Жена приведена по инцидент во Битола

24/02/2026

Вработена во Управата за водење на матични книги во Битола била физички нападната на своето работно место, а осомничената жена

За еден ден приведени 15 возачи низ државата

24/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy