
АХВ: Инспекциски надзор само по уредно поднесени иницијативи
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира граѓаните и правните лица дека од 1 јануари 2026 година, согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, инспекциските служби нема да постапуваат по анонимни пријави за спроведување на инспекциски надзор во делокругот на работењето на институцијата.
Сите иницијативи треба да се поднесат уредно и ќе се обработуваат според Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе:
Директно преку контакт формата „Поднесете претставка“ на веб-страницата на Агенцијата (линк)
Електронски на e-mail адресите info@fva.gov.mk или pretstavki@fva.gov.mk
Лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец
Иницијативата задолжително треба да содржи:
Назив на инспекцијата до која се поднесува
Име, презиме и адреса на подносителот, односно назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник
Краток опис на повредата
Назначување на субјектот кај кој се бара инспекциски надзор
АХВ предупредува дека ако иницијативата е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот со рок од 7 дена за прецизирање или дополнување. Доколку подносителот не ја дополни во зададениот рок, иницијативата ќе се смета за повлечена.

