Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јахоски иако осомничен си доби времен пасош, па си прошета до Истанбул!
Македонија

Јахоски иако осомничен си доби времен пасош, па си прошета до Истанбул!

02/06/2025

AA

Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ и осомничен во истрагата за злоупотреба со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна над 160 милиони евра, изминативе денови патувал надвор од државата со патна исправа со ограничен рок на важење, потврдиле од МВР.

Според информациите, Јахоски ја напуштил територијата на државата преку Граничниот премин Богородица на 30 мај, а се вратил денес, на 2 јуни, преку истиот премин. Патувал со патна исправа издадена по одлука на Апелациониот суд Скопје донесена на 29 мај, која дозволува издавање на документ со ограничен рок.

Откако се вратил во земјава, Јахоски утрово се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил мерката за редовно јавување – дел од определените мерки на претпазливост.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека Јахоски, осомничен за перење пари и нанесување штета на буџетот од 167 милиони евра, моментално уживал во Истанбул, додека за него важат мерки како домашен притвор и редовно пријавување во судот. Партијата обвинува дека системот е нефункционален и правдата селективна.

На 6 мај, Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на одбраната на Јахоски и ја преиначи мерката притвор во парична гаранција од околу 986.540 евра, односно преку хипотека и готовински средства во вкупен износ од над 132 милиони денари.

Дополнително, му беа изречени мерки на претпазливост, меѓу кои:

Но, по жалба, Апелациониот суд му дозволил издавање привремена патна исправа, иако тие самите, не издаваат документи, туку ја донеле одлуката во рамки на жалбената постапка.

Асмир Јахоски е дел од поширока истрага што вклучува и други осомничени, меѓу кои:

Истрагата се однесува на сомнителни набавки на мазут за ТЕЦ Неготино во време на енергетската криза, кои според обвинителството, биле изведени со фалсификувани податоци за потекло и квалитет, со што државата е оштетена за огромни суми пари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва на насилство, заслужува крајот на

13/08/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која поминала 17 и пол години

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“: Злоупотребена

13/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy