Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт
Македонија

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

10/05/2025

AA

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга испрати остро предупредување до македонските политички структури, обвинувајќи ги за системска одмазда и исклучување на Албанците од институциите. Според него, ваквите политики можат да предизвикаат сериозни последици и „невиден бунт“ меѓу албанската заедница.

„Оваа одмазда против Албанците не ѝ помага на државата и на нејзините европски перспективи. Таа поттикнува бунт кај Албанците, а тие не го разбираат тоа. Ова мора да се разбере правилно!“, изјави Ахмети, алудирајќи на случаи на исклучување, деградирање на двојазичноста и селективна правда.

Тој посочи дека отстранувањето на албанскиот јазик од институционални табли и патокази, како и политичките напади врз Албанците и симболите, не се во духот на европските вредности. „Како може Швајцарија да функционира со четири службени јазици, а Македонија не може со два?“, праша Ахмети.

Ахмети предупреди дека обидите за поделби и политичка маргинализација ќе ја дестабилизираат државата и повтори: „Ние сакаме функционална демократија, но ако не престане дискриминацијата – чашата ќе се прелее.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
Македонија

Петмина приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје

09/09/2026
Македонија

На 25 октомври ги враќаме стрелките еден час назад –

09/09/2026
Македонија

Ер Србија ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје

09/09/2026
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45578
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има

Петмина приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје

09/09/2026

Концертот на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета во Скопје поминал без посериозни безбедносни инциденти, информира Министерството за внатрешни работи. Според

На 25 октомври ги враќаме стрелките еден час назад – почнува зимското сметање на времето

09/09/2026

Кон крајот на октомври повторно ќе преминеме на зимско сметање на времето. Според актуелниот распоред на Европската комисија, стрелките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy