Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети: Новите генерации да ги преземаат обврските на овој век
Македонија

Ахмети: Новите генерации да ги преземаат обврските на овој век

30/01/2023

AA

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва ги продолжи серијата информативни трибини со граѓаните во тетовскиот регион со мотото „Заедно за Европа“. Вечерва партиското раководство одржа трибина во Општина Боговиње.

Пред присутните, покрај претседателот Ахмети, се обратија и градоначалникот на општината и првиот човек на огранокот на ДУИ во Боговиње Бесник Емшиу, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и претседателот на Советот на општината Илир Елези.

Партискиот лидер Али Ахмети тука истакна дека со општествени цели во новиот век треба се занимаваат генерациите на новиот век, да преземат одговорност за работата што треба да се направи. Затоа, според него се очекува квалитет во образованието, здравството, инфраструктурата и поквалитетен начин на живот.

– Ова е нов век со многу нови промени, вклучително и климата, затоа мора да се посветиме на здравот начин на живот. Кога зборувам за зачувување на животната средина мислам на нашите реки кои се полни со ѓубре кои влијаат на исчезнување на вегетацијата и богатството на природата, тоа е предупредување за министерот за животна средина и просторно планирање, но и за граѓаните кои треба да бидат повеќе свесни. Денес имаме универзитети, средни и основни училишта, имаме болници. Повеќе не сме тоа што бевме пред 20 години. Порано во болниците имавме многу малку специјалисти Албанци, но денес имаме многу лекари специјалисти. Сега ни е потребна квалитетна и современа медицина затоа што само така ќе ги исполниме стандардите кои е ќе не доближат до Европа, им порача Ахмети на сопартијците и граѓаните.

Насер Нуредини кој на предлог на ДУИ е министер за животна средина и просторно планирање, рече дека како член на дијаспората увидел промени во земјата, но членството во ЕУ останува предизвик. Според него потребно е образование, здравство и инфраструктура со повисок стандард.

– За прв пат во овие 30 години обезбедивме средства за регулирање на проблемот со отпадот во државата, обезбедивме средства од ЕБОР и ЕУ, за модерни депонии, модерни контејнери кои овозможуваат селекција на отпадот. Денес, за жал, некои населени места се уште немаат водоснабдување, обезбедивме алатки и за ова прашање. Со овие инвестиции создаваме баланс за подобар живот на нашите граѓани. ЕУ сака чиста животна средина, заштитени подрачја и развиена економија. За да станеме членка на ЕУ, секој од нас мора да го направи својот придонес како граѓанин кон остварување на нашите државни цели, порача Нуредини.

Тој потсети на реализирани проекти од 2022 година во тој регион од тетовското подрачје, како и на предвидени зафати во годината што претстои.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy