Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети најави „Национален договор за напредок“ и целосен ветинг со меѓународен надзор
Македонија

Ахмети најави „Национален договор за напредок“ и целосен ветинг со меѓународен надзор

20/12/2025

AA

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на конгресот на партијата што се одржа во Скопје најави иницијатива за нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години.

Ахмети предложи воведување „извршен Бадентер“ при изборот на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во работата на Уставниот суд, како и отворање нова фаза на функционална и фискална децентрализација.

Според него, овие иницијативи имаат за цел зајакнување на унитарниот карактер на државата преку еднакво партнерство на сите заедници, враќање на довербата во институциите и обезбедување стабилна, функционална и праведна држава.

– Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само ако се темели на довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа – изјави Ахмети, нагласувајќи дека единството е предуслов за напредок.

Тој претстави три клучни мерки насочени кон правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во согласност со духот на Охридскиот рамковен договор.

Избор на Влада со „извршен Бадентер“

Првата мерка предвидува избор на Владата со двојно мнозинство, односно доверба од вкупното мнозинство пратеници, но и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници. Според Ахмети, ваквиот модел ќе обезбеди двоен легитимитет и вистинска застапеност на сите заедници во извршната власт.

Бадентеров принцип и во Уставниот суд

Втората мерка се однесува на примената на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Ахмети оцени дека законите усвоени со двојно мнозинство во Собранието не треба да бидат укинувани без двојно мнозинство и во рамките на Судот, предлагајќи уставно-правни измени за одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници.

Продлабочување на децентрализацијата

Како трета мерка, Ахмети ја посочи потребата од зајакнување на локалната самоуправа преку поголема финансиска автономија на општините, со правична распределба и враќање на даночните и таксените приходи во средините каде што тие се создаваат.

Во делот за владеењето на правото, тој ја поддржа идејата за темелна истрага за потеклото на имотот, процесот на приватизација и дејствијата на безбедносните служби од 1945 година до денес, нагласувајќи дека правдата мора да биде неселективна.

Ахмети истакна дека „Националниот договор за напредок“ треба да ги обедини сите заедници и експерти околу заедничка визија за државата, повикувајќи млади, жени, професионалци и дијаспората активно да се вклучат во процесот на градење европска иднина.

На конгресот, ДУИ усвои четири резолуции поврзани со зајакнување на унитарниот карактер и функционалната еднаквост, владеењето на правото и независното судство, националниот договор за напредок и одржлив развој, како и европската интеграција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
Македонија

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски Брод под контрола

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 08:00 часот утрово, на територијата

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026

Шпицот на летната туристичка сезона и продолжениот празничен викенд за Илинден традиционално ја преполнија јужната граница. Камерите на ЈП „Македонијапат“

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy