Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети: Македонија не може да преживее без Албанците!
Македонија

Ахмети: Македонија не може да преживее без Албанците!

14/04/2026

AA

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во своето обраќање на Самитот на дијаспората ја нагласи важноста на албанскиот јазик во Македонија, оценувајќи дека неговата употреба и заштита е клучна за иднината на државата.

Тој се осврна на Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан со поддршка на САД, Европската унија и НАТО, истакнувајќи дека неговата примена претставува основа за соживот и политичка стабилност.

Ахмети порача дека албанскиот јазик има силна институционална позиција во државата и дека тоа е резултат на договорот и неговата имплементација.

„Што се однесува до албанскиот јазик во Македонија, тој е реалност што мора да се почитува и развива. Охридскиот договор, кој беше потпишан и гарантиран од САД, ЕУ и НАТО, е основа врз која се гради заедничкото живеење,“ истакна Ахмети.

Тој додаде дека постигнувањата од договорот се видливи во повеќе области, меѓу кои образованието на албански јазик, неговата употреба во администрацијата, како и законската рамка која го регулира неговиот службен статус.

Според него, секое различно толкување или оспорување на договорот претставува обид за негово нарушување и ерозија на постигнатите права.

„Успехот на Охридскиот договор се гледа во националните симболи, образованието, употребата на јазикот и неговото официјално признавање. Секој друг коментар е обид за промена на неговиот карактер,“ нагласи тој.

Во завршниот дел од говорот, Ахмети порача дека иднината на Северна Македонија зависи од заедничко владеење и соживот меѓу заедниците.

„Ја делиме одговорноста. Македонија има иднина само во коегзистенција и заедничко владеење. Без Албанците, таа не може да опстои,“ рече Ахмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy