
Ахмети: Да не се навраќаме во минатото и да се огорчуваме што викав УЧК, УЧК е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вечерва од Дебар порача дека заедно мора да градиме мир, стабилност, иднина и да воспоставиме европски стандарди и да се бориме против криминалот и корупцијата.
Ахмети порача дека Македонија има свое место во Европа.
„Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, да не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што викав УЧК, но УЧК е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија“, порача Ахмети.