
Џафери за оставките на функционерите на ДУИ: Ако сите си одат, зошто јас би инсистирал да останам?
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека ќе ја следи одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција.
Тој додаде дека би се повлекол од функцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.
„Следствено ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам“, изјави Џафери.
Во однос на парламентарните избори вели дека негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.
