
Џафери: Не постојат доволно силни зборови кои го опишуваат придонесот и визионерството на Али Ахмети во градењето на модерната историја на нашата државата
Идниот премиер Талат Џафери се огласи на својот Фејсбук профил.
Тој објави фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и порача дека човекот се памети по делата кои ги остава во наследство за идните поколенија и патеките кои ги трасира во историјата.
„Не постојат доволно силни зборови кои го опишуваат придонесот и визионерството на Али Ахмети во градењето на модерната историја на нашата државата. Денес сведочиме на уште еден историски ден на нас!“, напиша Џафери.
