
Адвокатот на Палчо, Васко Стојков попладнево на распит во полициска станица
Адвокатот и пријател на Љупчо Палевски – Палчо, Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит, пишува МКД.мк.
Стојков пред неколку дена истакна дека тој со неговото возило го однел првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Палевски во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија.
Стојков вели дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство, а кога се вратил полицијата веќе правела претреси.
