Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Адријана Лима, конечно, одговори на коментарите дека лицето ѝ пука од ботокс
Магазин

Адријана Лима, конечно, одговори на коментарите дека лицето ѝ пука од ботокс

21/11/2023

AA

Изгледот на познатата бразилска манекенка Адријана Лима наголемо се коментира по нејзиното трето породување во август минатата година кога со филмскиот продуцент Андре Лемер го доби синот Сајан. Ваквите негативни коментари ја следат и откога пред неколку дена се појави на премиерата на филмот The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes во Лос Анџелес.

Меѓу тие реакции беа и тврдењата дека модната ѕвезда направила одредени естетски зафати, а со месеци се шпекулира дека претерала со ботоксот.

И претходно се зборуваше дека лицето ѝ е ботоксирано, но Адријана Лима до сега не одговараше на ваквите коментари.

Бразилскиот модел објави фотографија на „Инстаграм“ без шминка и рече: „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња“.

„Ви благодарам што се грижите“.

Лима саркастично одговори со оваа последна реченица, а многумина ги збуни набројувајќи ги своите деца бидејќи се знае дека со Лемер го има синот Сајан, а во бракот со познатиот српски кошаркар Марко Јариќ ги доби ќерките Валентина и Сијена.

Познатата манекенка претходно во интервју за „Пипл“ коментира како нејзината трета бременост влијаела на нејзиниот изглед: „Секој ден морам да се потсетувам: „Слушај, прифати кој си. Прифати го своето тело. Ова е моментниот изглед откако се породив. Да, дадов нов живот, тоа е голем благослов. Секое тело поинаку реагира за време и по бременоста“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз

04/08/2026
Македонија

Запленети речиси 100 килограми белвица и 5 километри забранети мрежи

04/08/2026
Македонија

МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496

04/08/2026
Македонија

ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО РЕСЕН: Општината доделува по 5.000

04/08/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПРИЛЕП: Млада жена со тврд предмет ја

04/08/2026
Македонија

На „Богородица“ се чека околу еден час за излез, на

04/08/2026
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44841
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз Мицкоски за Илинден

04/08/2026

Одделот за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава против С. Г. (52) од Струга поради постоење основи на сомнение

Запленети речиси 100 килограми белвица и 5 километри забранети мрежи во Охридско езеро, приведени две

04/08/2026

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спроведе вкупно 44 акциски контроли на водениот

МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496 лица лишени од слобода и

04/08/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објави статистичките податоци од интензивните сообраќајни контроли спроведени на патиштата низ целата држава во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy