Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Абдиу-Халили од Брисел: Имаме спремна администрација која работи во имплементација на ЕУ политики и проекти
Македонија

Абдиу-Халили од Брисел: Имаме спремна администрација која работи во имплементација на ЕУ политики и проекти

06/10/2023

AA

Денес во Брисел завршува дводневниот билатерален скрининг за Поглавје 22: Регионална политика и координација на структурните инструменти, дел од Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија.

Регионалните политики на ЕУ се развиени со цел да се намалат социо-економските разлики помеѓу земјите-членки и помеѓу регионите, и да се обезбеди социо-економска интеграција и кохезија. Од друга страна, координацијата на структурните инструменти бара создавање на институционални и административни структури, како и имплементација на општи и посебни прописи поврзани со секој структурен фонд и со Кохезиониот фонд, кои ги сочинуваат финансиските инструменти на ЕУ за постигнување на дефинираните цели на регионалната политика.

Македонската делегација беше предводена од Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и Заменик главен преговарач со ЕУ, Дрита Халили, како и 40 претставници од повеќе државни институции кои се дел од работната група за ова поглавје, и тоа: Министерство за финансии, Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен завод за статистика, Државен завод за ревизија, Ревизорско тело за ревизија на инструмент за претпристапна помош, Биро за јавни набавки, Генерален секретаријат, Центар за управување со кризи, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за економија Национална канцеларија за бродбенд компетентност, Комисија за заштита на конкуренцијата, Министерство за локална самоуправа, Државна комисија за спречување на корупцијата, Министерство за информатичко општество и администрација како и Секретаријатот за европски прашања.

За време на дводневниот скрининг за Поглавје 22, македонската делегација успешно реализираше над 30 презентации кои се осврнаа на регионалната политика и координација на структурните инструменти.

Следно на скрининг агендата од 16 до 20 октомври, ќе се одржи билатерлниот скрининг за Поглавје 11 – Земјоделие и рурален развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy