Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „АЈРО, АЈРО“ НЕ ГО ИСЧИСТИ ВОЗДУХОТ, ТУКУ ТРОШЕШЕ ЗА ЛУБРИКАНТИ Лицемерно е СДСМ да обвинува за загадување, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

„АЈРО, АЈРО“ НЕ ГО ИСЧИСТИ ВОЗДУХОТ, ТУКУ ТРОШЕШЕ ЗА ЛУБРИКАНТИ Лицемерно е СДСМ да обвинува за загадување, реагира ВМРО-ДПМНЕ

21/12/2025

AA

Навистина е лицемерно СДСМ да говори загаден воздух, ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против аерозагадувањето, наместо да преземе мерки, регира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската партија дека власта троши на милионски тендери, а не презема мерки против загадувањето.

„Во време на СДСМ, наместо за животна средина и почист воздух, се трошше 1,6 милион евра за лубриканти. За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Хром да никнат 100 згради и Расадник исто така 100 згради во 2020 година“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку СДСМ навистина сакаше, можеше да преземе нешто, додава партијата.

„Да ги напоменеме нашите чекори кои како централна власт за 1,5 година ги преземаме, заедно со локалната: стратегија за почист воздух 2024-2030, субвенции за инвертер клими, прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје, масовно пошумување на државата, гасификација на државата, Град Скопје воведе мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух, изградба на 2 когенеративни централи на влезовите во Скопје, паркови со клупи во кои има вградени прочистувачи на воздухот. Ова се само дел од чекорите кои ги имаме преземено, во делот справување со загадениот воздух“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се гледа и во рејтингот, се додава во соопштението.

„Затоа наместо соопштенија напишани од ВИ, нека седнат и нека научат сами да пишуваат и нека сфатат дека долго време ќе бидат опозиција со овој пристап“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска побара итно да се прогласи еколошка и здравствена кризна состојба во Скопје. Советничката група на СДСМ информираше дека поднела иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје, за да се утврдат заклучоци и итни мерки. Партијата најави дека на седницата ќе предложи конкретни мерки: бесплатен јавен превоз во деновите кога воздухот е загаден, да се побараат пари од Владата за бесплатни филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на пари за прочистувачи за граѓаните и за еколошко греење, забрана за дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, расчистување на дивите депонии, миење на улиците и пари за еколошки проекти.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски

03/08/2026
Македонија

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026
Македонија

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото

03/08/2026
Македонија

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата

03/08/2026
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
Македонија

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44825
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски натпревар

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026

На 02-08-2026 година во 23,05 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, лишен од слобода е М.П.(21) од Охрид по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy