
70-годишен возач прегазил 86-годишен пешак во Виница
70-годишен возач прегази 86-годишен пешак во Виница. На 14 февруари во Полициската станица Виница било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ и ул.„Маршал Тито“ во Виница, товарно возило „фиат добло“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Н.(70) од Виница удрило во пешакот С.Н.(86) од Виница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Виница, информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.