Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гаши ја условува поддршката за уставните измени со усвојување на амандманот за борба против корупција
Македонија

Гаши ја условува поддршката за уставните измени со усвојување на амандманот за борба против корупција

15/02/2023

AA

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека е песимист дека процесот на уставни измени ќе се спроведе годинава.

Тој во гостувањето синоќа на Алсат телевизија изјави дека ќе ги поддржат уставните измени доколку се прифати нивниот амандман за борба против корупцијата со кој се предвидува да нема застарување на овие кривични дела.


Според него, прашањето зошто Алтернатива веќе не е дел од Владата треба да му се постави на премиерот и на останатите коалициски партии.

-Ние истакнавме дека за нас е особено важно да бидеме верни на договорот. Ние влеговме во Владата на крајот на 2021 година со објавен договор и останавме верни на тој договор и целиот наш политички пат во Владата во текот на 2022 година беше ориентиран во функција на реализација на тие точки од договорот и на крајот премиерот одлучи да смени правец и да ја смени Алтернатива со друг партнер, рече Гаши.


Смета дека Ковачевски и Ахмети, покрај политичкото самоубиство што го извршиле, ја убиле и европската иднина на државата.

Во однос на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејд, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење.


-Во моментот кога влеговме во Владата, и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници, а еден пратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат, додаде Гаши.

Во однос на заменик-министерот за култура Даим Лучи, за кој смета дека е се уште член на Алтернатива, Гаши рече дека доколку не биде разрешен тогаш неговото останување во Владата ќе биде уште една потврда дека има некаков договор

-Како партија треба да одлучиме што ќе правиме со луѓето што заминуваат и не ги почитуваат партиските одлуки бидејќи одлуката за повлекување од Влада и за излегување во опозиција е едногласно усвоена на Централното собрание. Ќе го дискутираме во партијата неговиот потег и ќе одлучиме што ќе правиме бидејќи е прекршување на одлуката на партијата, вели Гаши.

Во предлогот за реконструкција на Владата што премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието, заменик-министерот Даим Лучи, кој е избран на предлог на Алтернатива, не е на листата за смена. На листата предложени за разрешување се тројцата министри и двајца од заменик-министрите од редовите на партијата на Африм Гаши.

За влез во Владата во 2021 година, според договорот Гаши-Заев, Алтернатива доби три министерски места, три места на заменици министри и директорски позиции во неколку институции на централно и локално ниво.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy