Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 7,3 милиони евра потрошиле партиите на локални избори, не праќале финансиски извештаи, констатира ревизијата
Македонија

7,3 милиони евра потрошиле партиите на локални избори, не праќале финансиски извештаи, констатира ревизијата

19/06/2023

AA

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2022 година изврши ревизија на Вкупниот финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, заедно со ревизија на усогласеност на сметките на 141 учесници во Изборната кампања за Избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и градоначалниците на општините и
градоначалник на градот Скопје 2021 година.

Со ревизијата опфатени се финансиските извештаи за изборната кампања на 27 политички партии, 22 коалиции и 92 независните кандидати поддржани од „група избирачи“.

Како резултат на финансирањето на изборната кампања, 141 учесници за време на изборна кампања во 2021 година оствариле приход во вкупен износ од 449 милион денари и реализирале расходи во вкупен износ од 454 милиони денари.

Во однос на обврската за доставување на финансиски извештаи за изборната кампања Локални избори 2021 година во законски утврден рок, со пропишани прилози, ревизијата утврди:

– 68 учесници од кои 14 политички партии, 20 коалиции и 34 независни кандидати поддржани од „група избирачи“ во законски утврдениот рок имаат поднесено финансиски извештај;

– 11 политички партии и 34 независните кандидати поддржани од „група избирачи“ немаат доставено финансиски извештаи за изборната кампања и
– две политички партии, две коалиции и 24 независни кандидати поддржани од група избирачи“ доставиле финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи.

Ревизорите за констатираните состојби дадоа вкупно 32 препораки, со цел преземање мерки за надминување на истите.

Неопходно е:

– Да се преиспитаат и допрецизираат одредбите од член 83 став 2 во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија и од донации од политичка партија, во делот на поединечните и вкупните лимити на средства финансирани/донирани од физички и правни лица.

– Да се доуреди член 76-д со пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија наменети за платено политичко рекламирање.

– Да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии.

– Постои потреба од пропишување на одредби со кои ќе се уреди дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат – група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат – група избирачи, доколку може во кои услови и на кој начин и дали при таквата поддршка истиот има право да ги користи и средствата што му следуваат како независен кандидат.

– Пропишување на обврска за доставување на извештај за искористените рекламни паноа и билборди од страна на општините во Република Северна
Македонија и градот Скопје.
– Да се преземат активности за доуредување на Изборниот законик во делот на определување надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали).

– Потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК.

– Пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали).

– Преиспитување на утврдениот краен рок за уплата на донации, односно потребно е да се утврди донациите да се уплатуваат најдоцна до денот на завршување на изборната кампања.

– Доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми
(електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и
средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа.

– Потреба од одредување на орган за спроведување на обуки поврзани со обврските за финансиско известување, со што ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста за навремено информирање на јавноста за финансирањето на изборната кампања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy