
61-годишен маж од Гостивар си реемитувал телевизиски канали без лиценца, имал 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно!
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (1 ноември) околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б..
Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно.
Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави. .
