
60 лица загинаа во Иран, меѓу кои 20 деца – повредени има и во Јордан
Според иранската државна телевизија, во израелскиот напад загинале околу 60 лица, меѓу кои и 20 деца.
Во извештајот се вели дека нападот погодил станбен комплекс во главниот град Техеран.
Двајца цивили се повредени во јорданскиот град Ирбид откако врз нив паднал „експлозивен предмет“, објави утрово државната телевизија Ал-Мамлака.