
6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ЛИЦЕНЦИТЕ Министерот Алиу ги соопшти првичните наоди на стручната контрола

Најмалку 6 од 10 лиценцирани компании за производство на канабис во медицински цели, по извршените контроли, се во постапка да ги изгубат лиценците, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма.
– Од досега процесираните компании, од 10 најмалку 6, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – рече Алиу.
Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија ан министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката е сѐ уште е во тек.
На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.
.
