
5 активни пожари во Македонија, најкритично „Јасен“
Според последните информации, на територијата на Република Северна Македонија моментално се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор.
Активни пожари:
Пожари под контрола:
Изгаснати пожари:
Во изминатите часови изгаснати се 14 пожари во повеќе општини, меѓу кои: Кичево (с. Челопеци), Македонски Брод (с. Крапа), Крива Паланка (с. Нерав – „Биљино“), Струга (с. Белица), Тетово (с. Џепчиште, с. Жеровјане и кај Железничка станица), Брвеница (с. Милетино), Гостивар (с. Градец и с. Симница), Могила (с. Могила), Битола (с. Лажец), Делчево (с. Вирче) и Липково (с. Опае).
Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не предизвикуваат активности кои можат да доведат до нови пожари, особено во периоди со високи температури и силен ветер.
