Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВН Македонија и СОС Детско село ја прошируваат соработката за поддршка на младите
Македонија

ЕВН Македонија и СОС Детско село ја прошируваат соработката за поддршка на младите

13/08/2025

AA

ЕВН Македонија и СОС Детско село потпишаа меморандум за соработка за поддршка на деца и млади во социјален ризик, информираа од компанијата.

ЕВН ќе обезбеди стипендии за овие млади со цел продолжување на средното или високото образование како и финансиска поддршка на програмите на СОС Детско село за зајакнување на капацитетите и одржливоста.

Покрај тоа, стипендистите ќе имаат можност да реализираат практикантска работа и менторска програма во просториите на ЕВН, со што ќе им се помогне да ја градат својата професионална иднина.

„Ова партнерство е одраз на нашата посветеност кон општеството. Инвестирањето во образованието и развојот на младите е најдобрата инвестиција за иднината,“ нагласи претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.

„Партнерството со ЕВН Македонија се совпаѓа со нашата стратегија за воведување национална програма за млади од ранливи категории. Oва е само почеток на една успешна соработка која ќе придонесе кон посигурна иднина за младите поддржани од СОС Детско село,“ кажа директорката на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо.

„Ја искажуваме нашата искрена благодарност кон ЕВН што ја овозможи оваа соработка и се надеваме дека многу други австриски компании во иднина ќе го следат примерот за поддршка на СОС Детско село и неговата мисија во Северна Македонија.“ рече австрискиот заменик амбасадор, Матијас Хуменбергер.

Преку меморандумот се официјализира поддршката за програмите на СОС Детско село, каде што се опфатени образовните интереси, како и здобивањето на потребни искуства и вештини насочени кон професионален и личен развој на младите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy