
40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски
Министерството за надворешни работи на Турција до македонската амбасада во Анкара доставила допис, како одговор на барањето за екстрадиција на првоосомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски – Палчо.
Во дописот од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир се вели дека определен е екстрадициски притвор за Палчи во траење од 40 дена.
Осомничениот се бара во Македонија поради две дела. Убиство на малолетно лице и грабнување. За првото дело предвидена е казна затвор од 10 години, до доживотен затвор.
Љупчо Палевски – Палчо прво го убил 74 годишниот велешанец, потоа со неговата кола ја киднапирале 14 годишната Вања по што ја убиле.
Откако се прибраа доволен број на докази, Обвинителството отвори истрага, а македонската полиција веќе не одговара на прашањата поставени од новинарите.
На Палчо во Македонија исто така му е одреден притвор од 30 дена.